satellite - онтологија

сателит повеќе

мн. сателити
Вид збор: Именка, машки род
Сопатник на небесно тело.
Употреба: Астрономија
Примери:
Месецот е сателит на Земјата.
Слеп следбеник, зависно, потчинето лице на туѓа волја; држава или влада што и се покорува слепо на владата на друга, посилна држава.
Примери:
Неговите сателити добро го слушаа.

сателитски повеќе

сателитска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сателит.
Примери:
Сателитска комуникација.

сопатник повеќе

мн. сопатници
Вид збор: Именка, машки род
Небесно тело што се движи околу планета.
Албански: satelitë
Употреба: Астрономија

спутник повеќе

мн. спутници
Вид збор: Именка, машки род
сателит
Употреба: Астрономија

трабант повеќе

мн. трабанти
Вид збор: Именка, машки род
сателит
Германски: Trabant Албански: trabant, satelit
Употреба: Астрономија
Примери:
Јупитер и неговите трабанти.