set - онтологија

заоѓа повеќе

заоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се сокрива зад хоризонтот.
Примери:
Сонцето заоѓа.

заседне повеќе

заседнат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце, месечина - зајде.
Албански: perëndon
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Сонцето одамна беше заседнало, а ние уште работевме.

набере повеќе

наберат
Вид збор: Глагол, свршен
Во печатница - сложи букви.
Албански: vendos
Употреба: Архаизам
Примери:
Брзо ја набраа книгата.

подметне повеќе

подметнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, кладе нешто под нешто.
Албански: vendos
Примери:
Болничарката подметна перница под главата на пациентот.
Предизвика дејство, најчесто со негативни последици.
Албански: vendos
Примери:
Подметнале бомба во седиштето на организацијата.
Намести некому нешто со цел да биде обвинет.
Албански: ngrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие му подметнале на благајникот дека крадел пари од касата на претпријатието.

постави повеќе

постават
Вид збор: Глагол, свршен
Намести, стави на определено место.
Албански: ndërtoj
Примери:
Тој постави стража пред куќата.
Организира сценска претстава.
Албански: ndërton
Примери:
Авторот ја постави новата драма во МНТ.
Во состав на некои именки - изврши, оствари тоа што е означено со именката.
Албански:
Примери:
Постави рекорд.

пушти повеќе

пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Управи кон некого.
Албански: caktoj
Примери:
Тој им ги пушти кучињата на децата за да ги заплаши.