share - онтологија

акција повеќе

мн. акции
Вид збор: Именка, женски род
Вредносна хартија како удел во капиталот на акционерско претпријатие.
Албански: aksion
Употреба: Економија
Примери:
Во продажба се акциите на комбинатот.

дел повеќе

мн. делови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што припаѓа некому при делба на нешто.
Албански: ndaj
Примери:
Твојот дел од дуќанот ќе ми го препишеш мене.
Удел, учество во нешто.
Албански: pjesëmarrje
Примери:
Тој има голем дел во нивната победа.

исе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дел
Турски: hisse
Употреба: Разговорно
Примери:
Си го испи исето.

пај повеќе

мн. пајеви
Вид збор: Именка, машки род
Делот што некој го добива при делбата.
Турски: pay
Употреба: Архаизам
Примери:
Си го зел пајот.

удел повеќе

мн. удели
Вид збор: Именка, машки род
Дел што припаѓа некому од нешто што е заедничка сопственост.
Албански: pjesë
Примери:
Удел во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина.

учество повеќе

учеството
Вид збор: Именка, среден род
Дел во заедничка добивка.
Албански: ndan
Употреба: Економија
Примери:
Учество во добивката.