shower - онтологија

засипе повеќе

засипат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, испрати некому нешто во големо количество.
Албански: dorëzoj
Примери:
Тој ја засипа девојката со злато.

затрупа повеќе

Види и: трупа (несв.)
затрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Опсипе со нешто.
Албански: breshëroj, mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Новинарите го затрупаа министерот со прашања.

истушира повеќе

Види и: тушира (св. и несв.)
(се) истушираат
Вид збор: Глагол, свршен
тушира
Примери:
Се истушира набрзина и веднаш излезе.

окапе повеќе

окапат
Вид збор: Глагол, свршен
Наврне многу, облее со вода некого или нешто.
Албански: dush
Примери:
Земи си чадор, дождот ќе те окапе.

опсипе повеќе

опсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни.
Албански: kaploj, mbuloj
Примери:
Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки.

порој повеќе

мн. порои
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) силен дожд
Албански: rrëke
Примери:
Порој, громови и град го сардисаа Велес.

туш повеќе

мн. тушеви
Вид збор: Именка, машки род
Направа за обливање на телото при капење со танки, но силни струи вода.
Албански: dush
Капење со силни струи вода.
Албански: dush
Примери:
(разг.) Студен туш - лошо изненадување.

тушира повеќе

тушираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Капе со туш.
Германски: duschen Албански: bëj dush
(се тушира) Се капе под туш.
Албански: bëj dush
Примери:
се туширав со студена вода.

туширање повеќе

Види и: тушира (св. и несв.)
туширањето
Вид збор: Именка, среден род
Капење под туш.
Албански: dush