мн. водилки
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што води, што служи како патоказ.
Примери:
Мислата, како да избега оттаму, му беше водилка.
мн. знаци
Вид збор: Именка, машки род
Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто.
Примери:
сообраќаен знак
Предмет што служи за обележување, за покажување нешто.
Примери:
Пред шалтерот имаше знак дека не работат.
Постапка, пројава со која се докажува нешто.
Примери:
Неговото неприсуство беше знак дека не се согласува со нас.
испотпишат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпише, стави потпис на повеќе документи.
Албански:
nënshkruaj, firmos
Примери:
Испотпиша се што му донесоа и излезе.
(се испотпише)
Албански:
nënshkruaj, firmos
Примери:
Се испотпиша на копиите од документот.
мн. ишарети
Вид збор: Именка, машки род
знак, гест
Примери:
Се разбраа со ишарети.
потпишат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави свој потпис под документ, изјава, договор земајќи некаква обврска, одговорност.
Албански:
nënshkruaj, firmos
Примери:
Тој го потпиша договорот.
(се потпише) Стави свој потпис.
Примери:
Таа се потпиша на извештајот.
мн. признаци
Вид збор: Именка, машки род
Карактеристичен знак, особина или својство според кој се изделува некој или нешто.
Примери:
Треба да се забележат барем некакви мали признаци што ги вестат измените.
мн. ракознаци
Вид збор: Именка, машки род
Скратен потпис или знак ставен од физичко лице како потпис или препознатлива форма на презимето.
Примери:
Ракознакот е втиснат на документот.
мн. сигнатури
Вид збор: Именка, женски род
Број на првата и третата страница на секој печатен табак на книга, служи при подврзувањето.
Знак на корицата на книга што го означува местото на сместувањето на книгата во библиотеката.
сигнираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува сигнатура.