skin - онтологија

дере повеќе

дерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Симнува кожа од животно.
Албански: rrjepë
Примери:
Дереше вол.

додере повеќе

додерат
Вид збор: Глагол, свршен
Одере до крај.
Албански: rrjep deri në fund
Примери:
Остана уште кожата да се додере.
Заврши со дерењето кожа.
Албански: përfundoj me rrjepje
Примери:
Ловецот ја додра кожата и ја остави да се суши.

задере повеќе

задерат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дере.
Примери:
Го зедов ножот и ја задрав козата.

кожа повеќе

мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно.
Српски: кожа Албански: lëkurë Бугарски: кожа
Употреба: Анатомија
Примери:
Збрчкана кожа.

кожен повеќе

кожни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кожа на телото.
Албански: lëkure
Употреба: Медицина
Примери:
кожни болести

кожинка повеќе

мн. кожинки
Вид збор: Именка, женски род
кожа
Албански: lëkurë

кожичка повеќе

мн. кожички
Вид збор: Именка, среден род
Мала и / или тенка кожа.
Албански: lëkurë
Употреба: Анатомија , Деминутив
Примери:
На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките.
кожа, кора
Албански: lëkurë, kore
Употреба: Ботаника
Примери:
Пред варењето се лупи кожичката на портокалот.

коруба повеќе

мн. коруби
Вид збор: Именка, женски род
кора на плод
Албански: lëvozhgë
Употреба: Ботаника

одере повеќе

одерат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне, отстрани кожа од животно.
Албански: rrjep
Примери:
Месарот вешто го одра јагнето.

опна повеќе

мн. опни
Вид збор: Именка, женски род
Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка.
Албански: cipë
Употреба: Биологија
Примери:
Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата.

содере повеќе

содерат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, симне врвниот слој од нешто.
Албански: heq, ndaj
Примери:
Кожата му ја содрав.