slash - онтологија

истрбуши повеќе

истрбушат
Вид збор: Глагол, свршен
Распори, извади внатрешност низ расечен стомак.
Албански: shkyej, çaj
Примери:
Ја истрбушил рибата.

подотпара повеќе

подотпараат
Вид збор: Глагол, свршен
Отпара малку, донекаде.
Примери:
Го подотпара ракавот до кајшто беше згрешен.
(се подотпара) Се отпара малку, донекаде.
Примери:
Подвивот на фустанот се подотпарал.

подраспара повеќе

Види и: распара (св.)
(се) подраспараат
Вид збор: Глагол, свршен
Распара нешто малку повеќе.
(се подраспара) Се распара малку повеќе.

распори повеќе

распорат
Вид збор: Глагол, свршен
разреже, расече
Албански: çaj, pres, prish
Примери:
Ќе им ги распори стомаците.

растрбуши повеќе

растрбушат
Вид збор: Глагол, свршен
Извади дел од внатрешноста на риба, животно и сл.
Албански: nxjerr
Примери:
Ја растрбуши рибата.