slide - онтологија

дијапозитив повеќе

мн. дијапозитиви
Вид збор: Именка, машки род
Фотографски позитивна слика изработена на проѕирна материја (стакло, целулоид).
Примери:
Стаклени дијапозитиви.

долизга повеќе

(се) долизгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне некаде со лизгање.
Албански: rrëshqas
Примери:
Кога го заврши кругот, се долизга до него.

зализга повеќе

зализгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лизга нешто.
Албански: rrëshqas
Примери:
Товарот го зализгаа по долги штици.

заслизга повеќе

Види и: зализга (св.)
заслизгаат
Вид збор: Глагол, свршен
зализга

лизга повеќе

(се) лизгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Движи некого или нешто по мазна, рамна површина.
Албански: rrëshqas
Примери:
Го лизга детето на санка.

лизне повеќе

лизнат
Вид збор: Глагол, свршен
лизга
Албански: rrëshqas
Примери:
Го лизна девојчето на санка.
(се лизне) се лизга
Албански: rrëshqas
Примери:
Ѝ се лизнаа солзи по лицето.

молзга повеќе

(се) молзгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бавно се лизга.

музга повеќе

(се) музгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) слизга

нализга повеќе

(се) нализгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно долго време во лизгање, до задоволување.

побегне повеќе

побегнат
Вид збор: Глагол, свршен
отиде, слизне
Албански: ik
Примери:
Едно-две, и туку ќе ми побегне погледот кон него.

подлизне повеќе

(се) подлизнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подлизне) Се лизне малку.
Примери:
Старата се подлизна на мразот додека се качуваше по скалите.

полизга повеќе

Види и: лизга (несв.)
се полизгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се лизга малку, некое време.
Примери:
Детето се полизга на санката.

слајд повеќе

мн. слајдови
Вид збор: Именка, машки род
Слика што се презентира на екран.
Употреба: Информатика
Примери:
Ги гледаа слајдовите од патувањето.

слизга повеќе

Види и: лизга (несв.)
слизгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Лизга некого.
Албански: rrëshqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста го слизгаше детето.

слизгавица повеќе

Види и: лизгавица (ж.)
мн. слизгавици
Вид збор: Именка, женски род
лизгавица

слизне повеќе

слизнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се слизна) се потклизна, се слизна
Албански: rëshqas

слизнува повеќе

Види и: слизне (св.)
(се) слизнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лизнува

слизнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
лизнување

сползга повеќе

(се) сползгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лизга, (се) слизга
Употреба: Дијалектен збор

сползнува повеќе

Види и: сползне (св.)
(се) сползнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лизнува, (се) слизнува
Употреба: Дијалектен збор

шлајфува повеќе

шлајфуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За тркала, машински делови - се врти во место.
Германски: schleifen Албански: rrëshqet
Примери:
Тркалата шлајфуваа во пустинскиот песок.