snarl - онтологија

заби повеќе

(се) забат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - покажува заби, ржи.
Албански: grindet
Примери:
Кучето му се забеше на војникот.

зазаби повеќе

(се) зазабат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се заби.
Примери:
Кучето ни се зазаби.

заржи повеќе

заржат
Вид збор: Глагол, свршен
За куче - почне да ’ржи.
Албански: hungëroj
Примери:
Во близина заржа куче.

исклешти повеќе

Види и: клешти (несв.)
(се) исклештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмее силно, гласно, покажувајќи ги забите со грда гримаса.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ми се исклешти пакосно и силно и си замина.

ржи повеќе

ржат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - знак за неудобност.
Албански: hingëllon, hungëron
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњот фати да ’ржи.

ржне повеќе

ржнат
Вид збор: Глагол, свршен
’Ржи малку, еднократно.
Примери:
Коњот само ќе ’ржне и ќе се смири.

сржи повеќе

сржат
Вид збор: Глагол, свршен
(за коњ) Испушта специфичен глас.
Албански: hingëlloj, ndërsej
Употреба: Зоологија
Примери:
Сите се исплашивме кога сржа коњот.