запурничава
Вид збор: Придавка
За овошје - што ја собира устата при јадење, што е многу кисел.
Примери:
Запурничава круша.
киселиот
Вид збор: Придавка
Што има вкус на лимон, оцет и сл.
Примери:
кисело овошје
За почва, карпи - што содржи неврзани силициумови киселини.
Примери:
Според изразената киселост постојат кисели, неутрални и алкални почви.
За дожд што содржи киселина како резултат на загаденоста на воздухот.
Албански:
i tharbët, acidik
Употреба:
Екологија
Примери:
кисел дожд
киселкавиот
Вид збор: Придавка
Што има малку кисел вкус или мирис.
Примери:
Киселкаво вино.
Што е со лошо расположение.
Примери:
Таа се обидуваше да го смекне киселкавиот израз на лицето.
скиснати
Вид збор: Придавка
лошо расположен, онерасположен
Примери:
Одеше скиснат по улицата.