spark - онтологија

искра повеќе

мн. искри
Вид збор: Именка, женски род
Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела.
Албански: xixë, shkëndijë
Примери:
Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај.
Ситна честица што блеска при силно осветлување; одблесок.
Албански: xixë, shkëndijë
Примери:
Прстенот како да фрлаше ситни искри на сонцето.
Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл.
Албански: xixë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сѐ уште не исчезнуваше таа искра надеж во мене.