steam - онтологија

динстува повеќе

динстуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вари во покриен сад.
Германски: dünsten
Употреба: Гастрономија
Примери:
Динстува заленчук со месо.

запари повеќе

запарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави на пареа.
Албански: vë në avull
Примери:
Смесата со чоколадо ја запари.

испари повеќе

испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто на пареа.
Албански: avulloj
Примери:
Таа го испари лицето со чај од камилица.

крчка повеќе

крчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се готви, се приготвува полека на лесен оган.
Примери:
Гравчето се крчка во тавата.

напари повеќе

напарат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто на пареа да се стопли, да прими влага.
Албански: avulloj
Примери:
Го напари лебот да омекне.
(се напари) Се изложи, се стопли на пареа.
Албански: avullitem, pravullitem

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
Гасовита состојба што се добива при загревање, при испарување; водена пара.
Албански: avull
Употреба: Физика
Примери:
заситена пара

пареа повеќе

мн. пареи
Вид збор: Именка, женски род
Вода во гасна состојба.
Албански: avull
Употреба: Разговорно
Примери:
Се креваше пареа од јадењето.

парен повеќе

парна
Вид збор: Придавка
Што се служи со пара.
Албански: me avull
Примери:
Парно греење.
Во кој се образува пара.
Албански: me avull
Примери:
Парен котел.
Што се движи со пара.
Албански: me avull
Примери:
Парна машина.

пари повеќе

парат
Вид збор: Глагол, несвршен
Излага на пара.
Албански: avullon
Примери:
Порите се отвораат по изложувањето на пара.
(се пари) Се излага на пара.
Албански: avullohet
Примери:
Ако носот е затнат, болниот треба да се изложи на пара.
(се пари) Се капе со пара.
Албански: përavullohet

пури повеќе

пурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта пареа, испарува.
Албански: avulloj
Примери:
Казаните пурат со пилешка чорба.
Изложува на дејство на пареа.
Албански: avulloj
Примери:
Пред употреба, бурето го пуриме.