swallow - онтологија

голта повеќе

голтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот.
Албански: gëlltit
Примери:
Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот.
Испушта букви или гласови во пишувањето или во зборувањето.
Албански: gëlltit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешко се разбираше пишуваното зашто голташе букви.

голтне повеќе

голтнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими храна или течност.
Примери:
Ги голтна колачињата во еден здив.

доголта повеќе

Види и: голта (несв.)
доголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Проголта до крај.

заголта повеќе

Види и: голта (несв.)
заголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да голта.
Примери:
Се наведна над поточето и ја заголта бистрата вода.

изголта повеќе

Види и: голта (несв.)
изголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Голта сѐ што е за голтање, голта до крај.
Албански: kapërdij, gëlltis
Примери:
Ги изголта сите апчиња.

изнаголта повеќе

Види и: наголта (св.)
(се) изнаголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наголта, испие нешто во голема количина.
Примери:
Се изнаголта апчиња да ја смири нервозата.

лапне повеќе

лапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, стави нешто во уста.
Албански: gëlltis,
Примери:
Го лапна набрзина парчето леб и истрча на улица кај другарите.

наголта повеќе

(се) наголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со голтање внесе во себе големо количество храна, течности сл.
Примери:
Додека пливаше, се наголта вода.

поголтне повеќе

поголтнат
Вид збор: Глагол, свршен
голтне
Направи обид за голтање.
Примери:
Тој само поголтна суво и продолжи да гледа во јадењето.

подголтне повеќе

Види и: голтне (св.)
подголтнат
Вид збор: Глагол, свршен
Голтне плунка.
Албански: gëlltis
Примери:
Тој подголтна пред да проговори.

проголта повеќе

проголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими храна, течност и сл.
Албански: gëlltis
Примери:
Го проголта горчливиот лек.