swear - онтологија

вети повеќе

ветам
Вид збор: Глагол, свршен
Даде завет, заветува некого или нешто.
Албански: betohem
Примери:
Татко ми ме вети на манастирот Прилепец.

завери повеќе

заверат
Вид збор: Глагол, свршен
Се заколне, се зарече, даде завет.
Албански: betohem
Примери:
Се завери дека еден ден ќе се врати во родното место.

заветува повеќе

заветуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде завет.
Албански: betohet
Примери:
Му заветува верност, но го погази заветот

заклина повеќе

Види и: заколне (св.)
(се) заклинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) заколне, (се) заколнува
Употреба: Архаизам

заколне повеќе

заколнат
Вид збор: Глагол, свршен
Побара од некого да направи нешто со заколнување; стави некого под клетва.
Албански: betohem
Примери:
Го заколна да не кажува никому ништо за тоа.
(се заколне) Даде клетва, ветување.
Албански: betohem
Примери:
Јас се заколнав дека ќе сторам како што ми рече.

зарече повеќе

заречат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто.
Албански: premtoj
Примери:
Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив.
(се зарече) Си даде збор, се заколне дека нема да прави или дека ќе прави нешто.
Албански: premtoj
Примери:
Тој се зарече дека нема да пие повеќе.

колне повеќе

колнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Заколнува некого во нешто.
Албански: bëj be
Примери:
Во се те колнам, врати се, сине мој!
(се колне) Уверува, убедува со заклетва во вистинитоста на нешто.
Албански: bëj be
Примери:
Се колнам во честа дека ќе го чувам.

преколне повеќе

Види и: колне (несв.)
преколнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде клетва.
Албански: betohem
Употреба: Народна поезија
Примери:
Како си клетва преколна, / ...до три години не дојде.
(се преколне) Се заколне во нешто.
Албански: betohem
Примери:
Се преколна во Бога дека ќе ја кажува вистината.
(се преколне) Се проколне себеси.
Албански: betohem
Примери:
Се преколнав дека ќе ја исполнам неговата последна желба.

расколне повеќе

расколнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу, засилено да колне, проколне многу.
Примери:
Старата ги расколна сите, почнувајќи од најблиските.