track - онтологија

колосек повеќе

мн. колосеци
Вид збор: Именка, машки род
Обичен, вообичаен тек на животот, нормален тек на нешто.
Албански: binar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се мачи да продолжи по нормалниот колосек на животот.

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
трага
Албански: gjurmë
Примери:
Се дрндаше автобусот оставајќи зад себе долга опашка од прав.

патека повеќе

мн. патеки
Вид збор: Именка, женски род
Обележена атлетска стаза.
Албански: patekë
Употреба: Спорт
Примери:
Трчање на кратки (средни, долги) патеки.

патина повеќе

мн. патини
Вид збор: Именка, женски род
трага
Албански: gjurmë
Употреба: Дијалектен збор

следа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
трага

следи повеќе

следат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди по трага на човек или животно.
Примери:
Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле.

трага повеќе

мн. траги
Вид збор: Именка, женски род
Отпечаток на стапки или на нешто што поминало врз некаква површина.
Албански: gjurmë
Примери:
Трага од волк, зајак итн.