treacherous - онтологија

заден повеќе

задни
Вид збор: Придавка
Што е скришен, подмолен, нечесен.
Примери:
Прашуваше без врска и со задна намера.

опачен повеќе

опачниот
Вид збор: Придавка
подмолен, злобен
Примери:
Опачен човек.

подмолен повеќе

подмолниот
Вид збор: Придавка
Што мисли и дејствува потајно правејќи лошо; што подрива потајно, скришно.
Албански: fshehtë, tinza
Примери:
Подмолната активност на групата набргу излезе на површина.

предавнички повеќе

предавничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на предавник.
Примери:
Предавничка постапка.