trouble - онтологија

мака повеќе

мн. маки
Вид збор: Именка, женски род
тешкотија, напор
Албански: shqetësim
Примери:
Cо голема мака ја завршив работата.

мачнотија повеќе

мн. мачнотии
Вид збор: Именка, женски род
Непријатно, мачно чувство или состојба, тешкотија, мака.
Примери:
Чувствуваше мачнотија во стомакот.

невола повеќе

мн. неволи
Вид збор: Именка, женски род
Несреќа, беда, голема тешкотија.
Примери:
Кога ќе помислеше што претрпел, се чудеше како може човек да не полуди од толку неволи.

неволја повеќе

Види и: невола (ж.)
мн. неволји
Вид збор: Именка, женски род
невола

неола повеќе

Види и: невола (ж.)
мн. неоли
Вид збор: Именка, женски род
невола
Употреба: Дијалектен збор

неприлика повеќе

мн. неприлики
Вид збор: Именка, женски род
Непријатна, тешка ситуација или околност.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Западна во неприлики.

тегоба повеќе

мн. тегоби
Вид збор: Именка, женски род
мака, тешкотија
Албански: barrë, vështërsi
Примери:
И мојте тешки тегоби.

тежина повеќе

тежината
Вид збор: Именка, женски род
тешкотија, тегоба, мака
Албански: rëndësi, telashe
Примери:
Чувствувам некаква тежина во стомакот.