trust - онтологија

аманет повеќе

мн. аманети
Вид збор: Именка, машки род
Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест.
Турски: emanet Албански: besim
Примери:
Како аманет ни ја остави грижата за неговиот неполнолетен син.

вера повеќе

мн. вери
Вид збор: Именка, женски род
доверба
Албански: besim
Примери:
Чорбаџиите не се за вера.

верува повеќе

веруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има доверба во некого или нешто.
Албански: beson
Примери:
Долго те учат да веруваш во луѓето.

доверба повеќе

(едн.) довербата
Вид збор: Именка, женски род
Верба, сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста на некого, во неговите способности и стручност.
Албански: besim
Примери:
Некои се плашат затоа што немаат никаква доверба во никого, освен во себеси.

довери повеќе

доверат
Вид збор: Глагол, свршен
Задолжи некого со определена задача или функција.
Албански: dorëzoj
Примери:
Ќе ја прифатам секоја партиска работа што ќе ми ја доверат.
(се довери) Каже некому во доверба некаква тајна.
Албански: besim
Примери:
Ќе ти се довери некој и ти не знаеш што да правиш со тоа.

заверува повеќе

Види и: верува (несв.)
заверуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да верува.
Примери:
Заверува во неговите зборови.

поверува повеќе

поверуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Прифати нешто за вистина.
Албански: besoj
Примери:
Никој не би поверувал дека тие ќе станат политички лидери на земјата.

труст повеќе

мн. трустови
Вид збор: Именка, машки род
Вид економски монопол, голема компанија.
Употреба: Екологија