view - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
(се виде) Се опфати себеси со сетилото за вид.
Албански: sheh
Примери:
Се виде во огледало.

видокруг повеќе

(едн.) видокругот
Вид збор: Именка, машки род
Поглед на нешто, сфаќање.
Албански: pamje, shikim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тесниот идеен видокруг на одделни истражувачи придонесува да не ја увидат разликата меѓу тие две нешта.

визира повеќе

визираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Насочува, управува поглед во определен предмет, зема на око, опсервира определен предмет или појава.
Албански: merr në shënjestër
Примери:
Уметникот го визираше со моливот својот модел.

визура повеќе

мн. визури
Вид збор: Именка, женски род
Замислена линија што поаѓа од окото на набљудувачот и оди низ дурбин право до предметот на посматрањето.
Примери:
Во таа визура опозицијата се јавува како незаконит и противуставен бунтовник.

глетка повеќе

мн. глетки
Вид збор: Именка, женски род
поглед, видик
Албански: pamje
Примери:
Пред нив имаше глетка заради која сепак вредело да се дојде.

доизвиди повеќе

Види и: извиди (св.)
доизвидат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со гледањето на нешто, на повеќе предмети и сл.
Албански: shoh

доразгледа повеќе

Види и: разгледа (св.)
доразгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа целосно, до крај.
Примери:
Ги доразгледа понудените слики и одлучи да купи една.

конспект повеќе

мн. конспекти
Вид збор: Именка, машки род
поглед, гледање, видување
Албански: konspekt, pamje

мироглед повеќе

мн. мирогледи
Вид збор: Именка, машки род
поглед на светот
Употреба: Книжевен збор
Примери:
научен мироглед

око повеќе

мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
поглед, гледање
Албански: pamje
Примери:
Зеленилото се протегаше до каде што стасуваа очите.

очиглед повеќе

Вид збор: Именка, машки род
видик, поглед
Примери:
Тој го направи тоа среде бел ден, точно напладне, на очиглед на голем број луѓе.

пејзаж повеќе

мн. пејзажи
Вид збор: Именка, машки род
Општ изглед на некоја месност.
Француски: paysage Албански: peizazh, pamje
Примери:
Во својот блок забележувал сè што го интересирало: пејзажите, народните типови, градбите, носиите, резбата и везовите.

поглед повеќе

мн. погледи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се открива пред очите на некое место.
Албански: pamje
Примери:
Прозорец со поглед на морето.
Начин на сфаќање, на уверување.
Албански: botëkuptim, pikëpamje, opinion, mendim
Примери:
современ поглед

поразгледа повеќе

Види и: разгледа (св.)
поразгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа нешто од сите страни.
Албански: shikoj
Примери:
Поразгледај таму кое како стои и не задржувај се.

прозорец повеќе

мн. прозорци
Вид збор: Именка, машки род
Отворен пат, видик.
Албански: dritare
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Книгата е прозорец кон светот.

разглед повеќе

Види и: разгледување (ср.)
мн. разгледи
Вид збор: Именка, машки род
разгледување

разгледа повеќе

разгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погледа нешто од сите страни.
Албански: shikoj
Примери:
Најпрво учениците го разгледаа градот.
Запознае се со нешто, проучи нешто.
Албански: shqyrtoj
Примери:
Ги разгледав највнимателно сите поважни прашања изнесени во статијата.
Претресе, прецени, опсуди - обично заради донесување решение или оценка.
Албански: rishikoj
Примери:
Комисијата го разгледа сиот материјал во врска со сторениот прекршок.