wet - онтологија

воден повеќе

водени
Вид збор: Придавка
Што е мокар, влажен, накиснат.
Албански: i lagur
Примери:
воден жиг

водени повеќе

воденат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се водени, се топи со вода, се мокри.
Албански: laget, qullitet
Примери:
Ги запрегнаа кошулите да не им се воденат.

водникав повеќе

водникавиот
Вид збор: Придавка
Што е влажен, насолзен, безизразен.
Примери:
Очите ѝ беа матни и водникави.

водовричен повеќе

водоврични
Вид збор: Придавка
Што е влажен.
Примери:
Водоврична ливада.

врне повеќе

врнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За дожд - наврнува некого, нешто.
Албански: lagë
Примери:
Ајде, влегувај дома, дождот да не те врне!

изводени повеќе

изводенат
Вид збор: Глагол, свршен
се изводени, се измокри
Албански: laget
Примери:
Се изводенивме шетајќи по дождот.

измокри повеќе

измократ
Вид збор: Глагол, свршен
(се измокри) се изводени, стане мокар
Албански: laget
Примери:
Детето се измокри на чешмата.

мокар повеќе

мокри
Вид збор: Придавка
Што е воден, влажен, накиснат.
Примери:
Мокри ми се панталоните.

мокри повеќе

мократ
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мокри) се намокрува
Албански: lagem, përshurrem
Примери:
Детето се мокри на чешмата.

наводени повеќе

наводенат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наводени, се испрска, се натури со вода.
Албански: lagem
Примери:
Собери ги весниците да не се наводенат.

намокрен повеќе

Види и: намокри (св.)
намокрени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) намокри
Примери:
Намокрени чорапи.

напие повеќе

напијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напие) Прими влага.
Албански: lagështi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добро заврнало, земјата се напила, не се влегува в нива.

натопи повеќе

натопат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натопи) Се наводени, се натури со течност.
Албански: lagem

подводен повеќе

подводни
Вид збор: Придавка
Место што е водоврично.
Албански: i lagur
Примери:
подводен крај

поовлажи повеќе

Види и: овлажи (св.)
поовлажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поовлажи) Се овлажи малку, донекаде.

расквасува повеќе

Види и: раскваси (св.)
расквасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раскваси

утопи повеќе

утопат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) намокри