мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили).
Примери:
Го галеше јагнето по меката волна.
(едн.) Истрижени влакна што се обработуваат во вид на суровина и се користат за изработка на посебен вид текстил.
Примери:
Предеше волна на дрвена фурка.
Испредени нишки од влакната што се употребуваат за плетење или ткаење.
Албански:
lesh
На ѕидовите беа закачени килими со остра волна.
Слично со:
преѓа (ж.)
Вид ткаенина изработена од испредените нишки.
Албански:
lesh
Сите беа облечени во широки мантии од валана волна.
Стаклена волна - вид изолационен материјал од тенки стаклени нишки за изолација на топлина и звук.