yours - онтологија

ваш повеќе

ваши
Вид збор: Придавка
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ви припаѓа вам.
Примери:
Вашата куќа е понова од нашата.

твое повеќе

Види и: твој (прид.)
твоето
Вид збор: Именка, среден род
Како именка од твој.
Примери:
моето и твоето

твој повеќе

мн. твои
Вид збор: Придавка
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ти припаѓа тебе.
Примери:
Куќата е моја, а нивата твоја.
(зам. прид.) Што е на твоја страна, што ти служи тебе.
Примери:
Јас ти бев верен, твој - му рекол сиромавиот.

твој повеќе

Види и: твој (прид.)
мн. твоите
Вид збор: Именка, машки род
Сето она што му припаѓа на лицето на кое му се обраќаме.
Примери:
Тука нема ништо твое.
Твоите, тие што припаѓаат кон тебе.
Примери:
Сношти бевме кај твоите.