Административен термин - категорија

авторизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Потврдување, прифаќање на текст или на пронајдок, изум за свој; примање врз себе авторска одговорност и права за авторско дело.
Англиски: authorization
Примери:
Авторизациите на нивните творби се појавија многу подоцна.

агенда повеќе

мн. агенди
Вид збор: Именка, женски род
Работи што се во тек; дневен ред; незавршени акти.
Англиски: agenda Албански: agjendë

административен повеќе

Види и: администрација (ж.)
административни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на администрација; што оди преку администрацијата.
Англиски: administrative
Примери:
Потпишале административна забрана на платата на ќерката за да добијат потрошувачки кредит.

администрација повеќе

мн. администрации
Вид збор: Именка, женски род
Управна власт; органи на таа власт.
Англиски: administration Албански: administratë
Примери:
Владина администрација.

акредитација повеќе

мн. акредитации
Вид збор: Именка, женски род
овластување за вршење функција
Англиски: accreditation
Примери:
одбор за акредитација и евалуација

акт повеќе

мн. акти
Вид збор: Именка, машки род
Официјален документ во администрација, судство и сл.
Англиски: file Албански: akt
Примери:
Кметот го посочи актот според постојниот законски ред.

амандман повеќе

мн. амандмани
Вид збор: Именка, машки род
Додаток на усвоен устав, закон, резолуција или правен текст со кој се врши дополнување или измена.
Англиски: amendment Албански: amandament

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прогласување на загубени документи за неважечки.
Англиски: invalidation Албански: zhvlerësim
Примери:
Дел од документите од национализацијата биле внесени во амортизација.

антидатира повеќе

антидатираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
На документ става постар датум од актуелниот.
Англиски: antedate
Примери:
Го антидатира договорот за три месеци.

архивар повеќе

мн. архивари
Вид збор: Именка, машки род
Службеник во архив.
Англиски: registrar
Примери:
Архиварите ја средуваа документацијата за Институтот.

архивира повеќе

архивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подреди, подредува, складира и чува документи, списи, акти и слични пишани материјали во определена установа за натамошно проучување и потврдување.
Англиски: archive
Примери:
Цела недела службата ги архивираше документите.

архивиран повеќе

Види и: архивира (св. и несв.)
архивирани
Вид збор: Придавка
Што е ставен во архива; складиран.
Англиски: archived
Примери:
архивирани вести

атест повеќе

мн. атести
Вид збор: Именка, машки род
писмена потврда, уверение
Англиски: certificate
Примери:
атест за техничка исправност

атестат повеќе

Види и: атест (м.)
мн. атестати
Вид збор: Именка, машки род
писмена потврда
Англиски: certificate
Примери:
атестат од докторот
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш