Биологија - категорија

абиогенеза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Теорија која го разгледува создавањето на живот од нежива материја.
Англиски: abiogenesis
Примери:
Ние сѐ уште не можеме да ја објасниме абиогенезата, а камоли вселенското пространство.

анатомија повеќе

анатомијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува составот и градбата на живите суштества.
Англиски: anatomy Албански: anatomi
Примери:
Анатомија на човекот.

антропоид повеќе

мн. антропоиди
Вид збор: Именка, машки род
Суштество во човечка форма.
Англиски: anthropoid

асексуален повеќе

асексуалниот
Вид збор: Придавка
Без полови органи.
Англиски: asexual

асимилација повеќе

(едн.) асимилацијата
Вид збор: Именка, женски род
Процес на претворање на сварената храна во материи што градат телесни ткива.
Англиски: assimilation Албански: asimilim
Примери:
Реакцијата што ја предизвикува овој раствор влијае врз асимилацијата на хранливите елементи.

атавизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Случај кога кај некои живи суштества се јавуваат некои особини наследени од многу далечни предци.
Англиски: atavism
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш