Географија - категорија

Авганистан повеќе

Вид збор: Име
држава во Средна Азија
Англиски: Afghanistan

аврора повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
поларна светлост
Англиски: aurora
Примери:
Сончевите бури ја предизвикуваат прекрасната аврора на половите.

Австралија повеќе

Вид збор: Име
петтиот континент
Англиски: Australia
Примери:
Комонвелтот на Австралија е држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови.

австралиски повеќе

австралискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Австралија.
Англиски: australian
Примери:
Официјална валута на Австралија е австралискиот долар.

Австрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Име
Австрија е земја во Централна Европа, без излез на море.
Англиски: Austria
Примери:
Главниот град на Австрија е Виена.

австриски повеќе

Види и: Австрија (име.)
австриска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Австрија.
Англиски: austrian
Примери:
Австриска банка.

ада повеќе

мн. ади
Вид збор: Именка, женски род
Речен или езерски остров.
Англиски: island Турски: ada Албански: ishull
Примери:
На адата има два извора.

Азербејџан повеќе

Вид збор: Име
Земја во кавкаскиот регион.
Англиски: Azerbaijan

Азија повеќе

Вид збор: Име
Централен и источен дел од континентот Евроазија.
Англиски: Asia
Примери:
Бреговите на Азија се меѓу најразгранетите на Земјата.

азиски повеќе

азиска
Вид збор: Придавка
Што е поврзано со Азија.
Англиски: asian Албански: aziatik
Примери:
азиски грип

Албанец повеќе

мн. Албанци
Вид збор: Именка, машки род
жител на Балканскиот Полуостров
Англиски: Albanian Албански: shqiptar

Албанија повеќе

(едн.)
Вид збор: Име
Албанија е медитеранска и балканска земја во југоисточна Европа.
Англиски: Albania Албански: Shqipëria
Примери:
Брегот на Албанија зафаќа делови на Јадранско Море и Јонско Море.

Алжир повеќе

Вид збор: Име
Држава во Африка.
Англиски: Algeria
Главен град на Алжир.
Англиски: Algiers

Алјаска повеќе

Вид збор: Име
американска сојузна држава
Англиски: Alaska Албански: Alaska

Алпи повеќе

Алпите
Вид збор: Именка, множина
Алпите се едни од најголемите планински вериги во Европа.
Англиски: Alps Албански: Alpet
Примери:
Највисокиот врв на Алпите е Мон Блан.

алувиум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Алувиумот е друго име за Холоценот.
Англиски: Alluvium Албански: aluvion, lymishte
Примери:
Холоценот уште го носи и името "Епоха на Алувиумот".

Америка повеќе

Вид збор: Име
Зборот Америка се користи заедно да се означат континентите Северна Америка и Јужна Америка.
Англиски: America
Примери:
Америка се наоѓа меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан.

американски повеќе

американска
Вид збор: Придавка
Што е во врска или што припаѓа на Америка.
Англиски: american Албански: amerikan
Примери:
американска помош

Анадолија повеќе

Вид збор: Име
Азискиот дел од Турција.
Англиски: Anatolia

анадолски повеќе

Види и: Анадолија (име.)
анадолскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Анадолија.
Англиски: anatolian
Примери:
анадолски села

Англија повеќе

Вид збор: Име
Англија е најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство.
Англиски: England Албански: Angli
Примери:
Англиското знаме e познато како Крстот на Св. Ѓорѓија.

англиски повеќе

англискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Англија.
Англиски: english
Примери:
англиски јазик

Англосаксонец повеќе

мн. Англосаксонци
Вид збор: Именка, машки род
Лице од англиско потекло.
Англиски: Anglo-Saxon

Ангола повеќе

Вид збор: Име
африканска земја
Англиски: Angola

Анкара повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Турција.
Англиски: Ankara

Антарктик повеќе

Антарктикот
Вид збор: Именка, машки род
јужен пол
Англиски: Antarctica Албански: Antarktiku
Примери:
Антарктикот е најладното место на Земјата.

Арабија повеќе

Вид збор: Име
Полуостров што ја поврзува Азија и Африка.
Англиски: Arabia

Арап повеќе

мн. Арапи
Вид збор: Именка, машки род
Жител на пустината што воглавно живее на подрачјето на Арабија.
Англиски: Arab Албански: Arab

арапски повеќе

Види и: Арап (м.)
арапскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Арапите.
Англиски: Arabic
Примери:
арапски коњ

Ариец повеќе

мн. Аријци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на индоевропската раса со бела или светла кожа.
Англиски: Aryan

Арктик повеќе

Арктикот
Вид збор: Именка, машки род
Северен Пол
Англиски: arctic Албански: Arktiku

архипелаг повеќе

мн. архипелази
Вид збор: Именка, машки род
група острови
Англиски: archipelago
Примери:
Малајски архипелаг

асеизмички повеќе

Види и: асеизмичен (прид.)
асеизмичка
Вид збор: Придавка
Отпорен на земјотрес.
Англиски: aseismic Албански: aseizmik
Примери:
Асеизмички згради.

Атина повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Република Грција.
Англиски: Athens Грчки: Αθήνα

Атлантик повеќе

(едн.) Атлантикот
Вид збор: Именка, машки род
Атлантски Океан
Англиски: Atlantic

атлантски повеќе

атлантскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Атлантикот.
Англиски: atlantic
Примери:
Атлантски Океан

атлас повеќе

мн. атласи
Вид збор: Именка, машки род
Збирка географски, историски или друг вид карти.
Англиски: atlas

атол повеќе

мн. атоли
Вид збор: Именка, машки род
корален остров
Англиски: atoll Албански: atol, ishull koralesh
Примери:
Атоли се острови изградени од корали.

Африка повеќе

Вид збор: Име
Африка е втор по големина континент во светот.
Англиски: Africa
Примери:
Во Африка живеат лавовите.

ашкенази повеќе

ашкеназите
Вид збор: Именка, множина
Евреи од северните делови на Европа.
Англиски: Ashkenazi
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш