Информатика - категорија

аватар повеќе

мн. аватари
Вид збор: Именка, машки род
Вештачка личност или графичка фигура како претставник на корисник на интернет, во виртуелниот свет или во компјутерски игри.
Англиски: avatar

автентикација повеќе

мн. автентикации
Вид збор: Именка, женски род
утврдување на автентичност, идентитет
Англиски: authentication Албански: autentifikim
Примери:
Постојат два вида за автентикација на сите видови трансфери за физички лица.

автентицира повеќе

автентицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Утврдува идентитет на некого или на нешто.
Англиски: authenticate
Примери:
Го автентицира корисникот на компјутерот.

авторизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола, привилегија за извршување одредени функции.
Англиски: authorization
Примери:
авторизација за користење на компјутерскиот систем

адаптерски повеќе

адаптерскиот
Вид збор: Придавка
Што овозможува приспособување.
Примери:
Системот има адаптерски приклучок.

адресар повеќе

мн. адресари
Вид збор: Именка, машки род
Електронски канал во технологијата за пренесување на мемориски адреси.
Англиски: directory Албански: regjistër
Примери:
Се покажа дека грешките се во адресарот.

алгоритам повеќе

мн. алгоритми
Вид збор: Именка, машки род
Ефективен метод во сметањето со кој од дадени појдовни податоци се доаѓа до бараниот резултат.
Англиски: algorithm Албански: algoritëm
Примери:
Математички алгоритам.

алфанумеричен повеќе

алфанумерична
Вид збор: Придавка
Што се состои само од букви и од броеви.
Англиски: alphanumeric Албански: alfanumerik
Примери:
Алфанумерична тастатура.

андроид повеќе

мн. андроиди
Вид збор: Именка, машки род
Робот или синтетички организам кој е створен да изгледа и да се однесува како човек.
Англиски: android Албански: android
Софтверска платформа за мобилни уреди која вклучува оперативен систем, мидлвер и основни апликации.
Англиски: android Албански: android

апликација повеќе

мн. апликации
Вид збор: Именка, женски род
софтверска програма
Англиски: application Албански: aplikacion
Примери:
Апликации за обработка на текст и слика.

асемблер повеќе

мн. асемблери
Вид збор: Именка, машки род
Машинско-ориентиран јазик за програмирање на компјутери.
Англиски: assembler Албански: asembler

аски-код повеќе

аски-кодот
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешен код во кој се претставени информациите во компјутерот (American Standard Code for Information Interchange).
Англиски: ASCII Албански: ASCII-kod

аутпут повеќе

(едн.) аутпутот
Вид збор: Именка, машки род
излез, резултат
Англиски: output Албански: autput, dalje
Примери:
Индустрискиот аутпут се зголеми.
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш