Правда - категорија

аболира повеќе

аболираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прекинува кривично гонење.
Англиски: pardon

аболиција повеќе

(едн.) аболицијата
Вид збор: Именка, женски род
Општ назив на акт на ослободување на сторител на кривично дело од кривично гонење или од извршување на кривична санкција.
Англиски: abolition

адвокат повеќе

мн. адвокати
Вид збор: Именка, машки род
Лице кое професионално се занимава со адвокатура како дејност, чија основна функција е давање правна помош.
Англиски: lawyer Албански: avokat
Примери:
Обвинетите ги застапуваше способен адвокат.

адвокатува повеќе

адвокатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со правна дејност, работи во функција на адвокат, брани други пред суд.
Албански: avokaton
Примери:
Миланов адвокатува веќе триесет години.

адвокатура повеќе

мн. адвокатури
Вид збор: Именка, женски род
Адвокатска дејност.
Албански: avokatur
Примери:
Адвокатурата на млади години му донесе добра заработувачка.

акламација повеќе

мн. акламации
Вид збор: Именка, женски род
Едногласно прифаќање или одбивање некој предмет.
Англиски: acclamation Албански: brohoritje

акцепт повеќе

мн. акцепти
Вид збор: Именка, машки род
Потпис на правен документ како обврска за исплаќање.
Англиски: acceptance Албански: pranim
Правен документ, меница со соодветен потпис.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептација повеќе

мн. акцептации
Вид збор: Именка, женски род
Прифаќање обврска, ставање акцепт на извесна меница.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептен повеќе

Види и: акцепт (м.)
акцептниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на правен документ како основа за исплаќање; што се однесува на акцепт.
Примери:
Акцептен налог.

алиби повеќе

мн. алибија
Вид збор: Именка, среден род
Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело.
Англиски: alibi Албански: alibi
Примери:
Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби.

алиенација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отуѓување, префрлање имот од едно на друго лице.
Англиски: alienation Албански: tjetërsim
Примери:
Адвокатот изврши алиенација уште истиот ден.

алиментација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судски определен износ за издржување на некое лице (жена, дете).
Англиски: maintenance
Примери:
Се разведе од сопругата и сега плаќа алиментација за децата.

алкотест повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Утврдување на количината алкохол во крвта.
Англиски: breath test
Примери:
Му бил направен и алкотест, при што е утврдено дека имал два промили алкохол во крвта.

амнестија повеќе

(едн.) амнестијата
Вид збор: Именка, женски род
Ослободување од кривично гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казна, замена на изречената казна со поблага казна, бришење на осудата или укинување правни последици од осудата на поименично неодреден број лица.
Англиски: amnesty
Примери:
Сите затвореници добија амнестија.

амнестира повеќе

амнестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава амнестија.
Англиски: amnesty
Примери:
Владата ги амнестира сите политички затвореници.

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прогласување на загубени документи за неважечки.
Англиски: invalidation Албански: zhvlerësim
Примери:
Дел од документите од национализацијата биле внесени во амортизација.

анекс повеќе

мн. анекси
Вид збор: Именка, машки род
Дополнителен прилог кон некој правен документ.
Англиски: annex
Примери:
Имаме еден анекс кон договорот.

анотација повеќе

мн. анотации
Вид збор: Именка, женски род
Попис на запленети работи.
Англиски: annotation Албански: shkrim

антидржавен повеќе

Види и: противдржавен (прид.)
антидржавниот
Вид збор: Придавка
противдржавен
Англиски: subversive
Примери:
Почнаа претреси кај сомнителните антидржавни елементи.

антиуставен повеќе

антиуставниот
Вид збор: Придавка
Што е против уставот.
Примери:
антиуставна функција

анулира повеќе

анулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поништи, поништува, прогласи, прогласува за неважечки.
Англиски: annul
Примери:
Го анулираа резултатот на натпреварот.

апелација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Повисок суд до кој осудениот може да се жали.
Англиски: court of appeal Албански: gjykatë e apelit
Примери:
Апелацијата ќе ги разгледа нивните жалби и навремено ќе им одговори.
Жалба до повисок суд.
Англиски: appeal Албански: apel
Примери:
Група од вработените даде апелација до Врховниот суд.

апелационен повеќе

апелациони
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.
Примери:
апелационен суд

апелациски повеќе

апелацискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.
Примери:
апелациски судија

апостил повеќе

мн. апостили
Вид збор: Именка, машки род
Печат со којшто се заверува изворноста или автентичноста на потписот, својството на лицето кое го потпишува документот и содржината на печатот или жигот со кои е снабден документот или јавната исправа.
Англиски: apostil

апс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
затвор
Англиски: jail Турски: hapis
Примери:
А мене ме држеа по цел месец в апс секоја година.

апсана повеќе

Види и: апс (м.)
мн. апсани
Вид збор: Именка, женски род
апс
Англиски: jail Турски: hapishane

арбитер повеќе

мн. арбитри
Вид збор: Именка, машки род
Лице повикано да донесе правно обврзувачка одлука во спор што му е доверен на решавање од страните во некој договор.
Англиски: judge Албански: gjyqtar
Примери:
Спортските арбитри не се покажаа во вистинска светлина оваа сезона.

арбитража повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судење и пресуда на определен суд.
Англиски: arbitration Албански: arbitrazhi
Примери:
Тој не ја прифати нивната арбитража.
Определен, избран суд.
Англиски: arbitration Албански: vend gjykimi
Примери:
Европските сили испратија арбитража на Балканот.

арбитрира повеќе

арбитрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Земе, зема учество во арбитража; пресуди, пресудува, донесе, донесува оцена за определена ситуација.
Англиски: arbitrate
Примери:
Претставниците на овие држави арбитрираа во спорот.

атентат повеќе

мн. атентати
Вид збор: Именка, машки род
Убиство на некоја позната личност.
Англиски: assassination

атентатор повеќе

мн. атентатори
Вид збор: Именка, машки род
Убиец на некоја позната личност, извршител на атентат.
Англиски: assassin
Примери:
Солунските атентатори
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш