Транспорт - категорија

авиокомпанија повеќе

мн. авиокомпании
Вид збор: Именка, женски род
Компанија што превезува патници и стока со авиони.
Англиски: airline

авион повеќе

мн. авиони
Вид збор: Именка, машки род
Метална направа за летање што ја движи мотор, а се одржува во воздух со помош на крила.
Англиски: airplane Албански: avion, aeroplan
Примери:
Биди стрплив, ќе леташ со авион, хеликоптер, можеби со ракета.

авиопревозник повеќе

мн. авиопревозници
Вид збор: Именка, машки род
Компанија што превезува патници и стока со авиони.
Англиски: air transport

автобус повеќе

мн. автобуси
Вид збор: Именка, машки род
Големо моторно возило со седишта за превоз на повеќе лица.
Англиски: bus Албански: autobus
Примери:
Локален автобус.

автогаража повеќе

мн. автогаражи
Вид збор: Именка, женски род
гаража
Англиски: garage
Примери:
Сите шест приватни автогаражи на југот биле сконцентрирани во Скопје.

автопаркинг повеќе

мн. автопаркинзи
Вид збор: Именка, машки род
паркинг за автомобили
Примери:
бесплатен автопаркинг

автопат повеќе

мн. автопатишта
Вид збор: Именка, машки род
Модерен автомобилски пат, обично со по две еднонасочни ленти.
Англиски: highway
Примери:
По некој автомобил ќе поминеше по автопатот.

автопревозник повеќе

мн. автопревозници
Вид збор: Именка, машки род
Компанија што превезува патници и стока со автомобили и камиони.

автоприколка повеќе

мн. автоприколки
Вид збор: Именка, женски род
Приколка, простор за товар што се прикачува на возилото.
Англиски: trailer

автострада повеќе

мн. автостради
Вид збор: Именка, женски род
автопат
Англиски: highway

автотранспорт повеќе

(едн.) автотранспортот
Вид збор: Именка, машки род
Превоз на патници и стока со автомобили и камиони.

аеродром повеќе

мн. аеродроми
Вид збор: Именка, машки род
Место уредено за полетување и за слетување, за сместување и за одржување на авиони и други летала.
Англиски: airport Албански: aeroport
Примери:
цивилен аеродром

аеротранспорт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Превоз по воздушен пат.
Англиски: air transport
Примери:
Национален аеротранспорт.

амортизер повеќе

мн. амортизери
Вид збор: Именка, машки род
Направа, дел од возилото, од машина што служи за ублажување на ударите при движење.
Англиски: shock-absorber
Примери:
Новите амортизери се безбедно средство за заштита на машината.

араба повеќе

мн. араби
Вид збор: Именка, женски род
запрежна кола
Англиски: cart Турски: araba

артерија повеќе

мн. артерии
Вид збор: Именка, женски род
Главен пат, главна улица.
Англиски: artery Албански: arterie, rrugë
Примери:
Таа улица претставува артерија на градот.
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш