Геологија - категорија

абразија повеќе

мн. абразии
Вид збор: Именка, женски род
Ерозија на брегот под дејство на струење и таласи.
Англиски: abrasion

автохтон повеќе

автохтониот
Вид збор: Придавка
Што настанал на местото каде што е пронајден.
Англиски: autochthonous

агломерат повеќе

мн. агломерати
Вид збор: Именка, машки род
Маса, материјал што настанал со слепување на поситни и покрупни елементи, карпа, руда и сл.
Англиски: agglomeration

агрегат повеќе

мн. агрегати
Вид збор: Именка, машки род
Збир, спој на еднородни или различни минерали во една целина.
Англиски: aggregate Албански: total
Примери:
При навлажнување и нагло сушење на почвата се создаваат ситнозрнести агрегати.

Алеп повеќе

Вид збор: Име
Град во Сирија
Англиски: Aleppo
Примери:
Големата џамија во Алеп

алувиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Алувиумот е друго име за холоценот.
Англиски: Alluvium Албански: aluvion, lymishte
Примери:
Холоценот уште го носи и името „Епоха на Алувиумот“.

амбис повеќе

мн. амбиси
Вид збор: Именка, машки род
бездна, пропаст
Англиски: abyss
Примери:
Се е улав сон што ме влече во темен амбис.

аметист повеќе

мн. аметисти
Вид збор: Именка, машки род
Полускапоцен камен, проѕирен кристален кварц со виолетова боја.
Англиски: amethyst
Примери:
Прстите до зглобовите и беа покриени со опали, аметисти и смарагди.

Аргентина повеќе

Вид збор: Име
држава во Јужна Америка
Англиски: Argentina

артески повеќе

артеските
Вид збор: Придавка
Подземен, под притисок.
Англиски: artesian
Примери:
Артески бунар.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш