Историја - категорија

иго повеќе

(едн.) игото
Вид збор: Именка, среден род
Окупаторски јарем, политичко и социјално ропство.
Англиски: oppression
Примери:
Под иго јачат децата.

иконоборец повеќе

мн. иконоборци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е приврзаник на иконоборството.
Англиски: iconoclast
Примери:
Климент ја изнесува победата на Кирила над иконоборците.

иконоборство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Движење во VIII и IX век во Византија изразено преку борбата против почитувањето на иконите.
Англиски: iconoclasm

иконокласт повеќе

мн. иконокласти
Вид збор: Именка, машки род
иконоборец
Англиски: iconoclast

Илинден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Востанието на македонскиот народ на 2 август 1903 година.
Албански: Ilinden
Примери:
Но Илинден пламна, востанието веќе ја тресеше земјата.

илинденец повеќе

мн. илинденци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествувало во Илинденското востание.

илинденски повеќе

Види и: Илинден (м.)
илинденскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на востанието или на целиот тој период.
Примери:
Дадени се исцрпни податоци за илинденската голгота.

империјален повеќе

империјалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на империја.
Англиски: imperial
Примери:
Тоа стана симбол на најголемиот империјален пораз во историјата на земјата.

инквизитор повеќе

мн. инквизитори
Вид збор: Именка, машки род
Член на инквизицијата.
Англиски: inquisitor Албански: inkvizitor

инквизиција повеќе

(едн.) инквизицијата
Вид збор: Именка, женски род
Средновековен католички духовен суд што ги прогонувал и жестоко ги казнувал еретиците.
Англиски: inquisition Албански: inkvizicion

интернационала повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Меѓународна политичка и идеолошка организација на работничката класа (на работничките, социјалистичките и комунистичките партии).
Англиски: Internationale Албански: internacionalja
Примери:
Прва интернационала

Интернационала повеќе

Интернационалата
Вид збор: Именка, женски род
Химна на меѓународниот пролетаријат.
Англиски: Internationale Француски: L'Internationale Албански: internacionalja, himni

Информбиро повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Информационо биро - советодавно и директивно тело за меѓусебна соработка на поголем број комунистички партии, основано во 1947 година, во Варшава.

информбировец повеќе

мн. информбировци
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на политиката на Информбирото.

информбировски повеќе

информбировскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Информбиро и на информбировец.

ираде повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
султанов декрет
Англиски: decree Турски: irade
Примери:
Со ираде беше речено да излезе цел град за да слушне што ќе каже султанот.

ископина повеќе

мн. ископини
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се врши ископување, вдлабнатина, јама.
Англиски: excavation Албански: gërmim
Примери:
Ги видов археолошките ископини што се вршеа под руините на старата тврдина.
Предмет пронајден при ископување во археолошко наоѓалиште.
Англиски: excavation Албански: gërmim
Примери:
Пронајдени се многу ископини од камената епоха.

исполица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Договор за наем според кој половина од приходот добива сопственикот на нивата, а половина тој што ја зема да ја обработува.
Англиски: rent Албански: rent, qira gjysëm për gjysëm

исполичар повеќе

мн. исполичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи на исполица.
Англиски: tenant farmer Албански: qiraxhi, qesimtarë

испотурчи повеќе

испотурчат
Вид збор: Глагол, свршен
Потурчи многумина, сите.
Албански: turqizoj
Примери:
Го испотурчија целото село.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш