Литература - категорија

абецеда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сите букви од латиницата наредени по утврден ред.
Англиски: alphabet Албански: alfabeti
Примери:
Латинска абецеда.

автобиографија повеќе

мн. автобиографии
Вид збор: Именка, женски род
Книжевно дело во кое авторот сам си го опишува својот живот; опис на сопствениот живот.
Англиски: autobiography

автопортрет повеќе

мн. автопортрети
Вид збор: Именка, машки род
Книжевен приказ на сопствената личност.
Англиски: self-portrait Албански: portret
Примери:
Поемите се метафори на поетовиот автопортрет.

акростих повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Песна во која почетните, а понекогаш и крајните букви од стиховите даваат некое име или некој збор.
Англиски: acrostic

актант повеќе

мн. актанти
Вид збор: Именка, машки род
Замислен или реален елемент на текст, чие значење носи некоја порака.
Примери:
Еден актант од овој модел се идентификува со еден елемент.

алегорија повеќе

мн. алегории
Вид збор: Именка, женски род
Сликовит начин на изразување на апстрактните поими.
Англиски: allegory Албански: alegori
Примери:
Жената е прикажана како алегорија на правдата.

алегоричен повеќе

алегоричниот
Вид збор: Придавка
Што е во облик на алегорија, завиен.
Англиски: allegoric
Примери:
алегоричен начин

алманах повеќе

мн. алманаси
Вид збор: Именка, машки род
Поголема повремена публикација.
Англиски: almanac Албански: almanak
Примери:
Во книжевниот алманах „Бисер“ се објавени две народни приказни од К. Миладинов.

анегдота повеќе

мн. анегдоти
Вид збор: Именка, женски род
Кратка забавна сторија (обично) за познати личности.
Англиски: anecdote
Примери:
Анегдотите за неговите боемски подвизи ја рашириле славата на неговото име.

антиклимакс повеќе

(едн.) антиклимаксот
Вид збор: Именка, машки род
Разочарувачки крај на нешто важно или импресивно.
Англиски: anticlimax

антологија повеќе

мн. антологии
Вид збор: Именка, женски род
Збирка на одбрани дела од различни автори.
Англиски: anthology
Примери:
Антологија на современата македонска поезија.

антологиски повеќе

Види и: антологија (ж.)
антологискиот
Вид збор: Придавка
Што е вклучен во антологија; што е многу познат како да е од антологија.
Англиски: anthological
Примери:
антологиска песна

асонанција повеќе

мн. асонанции
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на исти самогласки во еден стих.
Англиски: assonance
Примери:
Авторот се служи со стилски средства што ја оркестрираат поезијата со мелодичност и ритмичност меѓу кои најзастапени се метафората, алитерацијата, асонанцијата, метонимијата и др.

афоризам повеќе

мн. афоризми
Вид збор: Именка, машки род
Кратко, збиено искажана мудра мисла.
Англиски: aphorism
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч