Математика - категорија

агол повеќе

мн. агли
Вид збор: Именка, машки род
Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка.
Англиски: angle Албански: kënd
Примери:
прав агол, остар агол, тап агол

аксиом повеќе

мн. аксиоми
Вид збор: Именка, машки род
Основна вистина, појдовно начело.
Англиски: axiom
Примери:
Тоа е во геометријата прифатено како аксиом.

алгебра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Гранка од математиката што ги проучува операциите со општи броеви.
Англиски: algebra Албански: algjebër
Примери:
Линеарна алгебра.

алгоритам повеќе

мн. алгоритми
Вид збор: Именка, машки род
Ефективен метод во сметањето со кој од дадени појдовни податоци се доаѓа до бараниот резултат.
Англиски: algorithm Албански: algoritëm
Примери:
Математички алгоритам.

алтитуда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Висина во однос на даден точка.
Англиски: altitude
Примери:
Авионот се наоѓа на алтитуда од 10.000 метри.

аналитика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од геометријата.
Англиски: analytics Албански: analitikë

апроксимација повеќе

мн. апроксимации
Вид збор: Именка, женски род
приближување, постепено изедначување
Англиски: approximation
Примери:
Апроксимација на равенката.

апсциса повеќе

мн. апсциси
Вид збор: Именка, женски род
Хоризонталната оска во координатниот систем.
Англиски: abscissa
Примери:
Косинус од произволен агол е апсцисата на точката во која подвижниот крак на аголот ја сече тригонометриската кружница.

аритметика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од математиката; наука за броевите, изразени со бројки, и за сметањето со нив.
Англиски: arithmetic
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш