Туризам - категорија

ракијада повеќе

мн. ракијади
Вид збор: Именка, женски род
Манифестација, настан, натпревар во правење подобра и поквалитетна ракија.
Примери:
Валандовска ракијада

резервација повеќе

мн. резервации
Вид збор: Именка, женски род
Осигурување на некое право однапред.
Англиски: reservation Албански: rezervim
Примери:
Резервација на соби во хотелите.

релација повеќе

мн. релации
Вид збор: Именка, женски род
Просторно или временско растојание меѓу две места или две временски точки.
Англиски: route Албански: relacion, linjë
Примери:
Автобусот вози на релацијата Скопје - Охрид.

ресорт повеќе

мн. ресорти
Вид збор: Именка, машки род
Туристичко место за одмор и рекреација.
Англиски: resort
Примери:
Маврово е ресорт со огромен потенцијал.

ресторан повеќе

мн. ресторани
Вид збор: Именка, машки род
Угостителски објект каде што се служат храна и пијалаци.
Англиски: restaurant Албански: restorant
Примери:
првокласен ресторан

ресторански повеќе

Види и: ресторан (м.)
ресторанскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ресторан.
Албански: restorani
Примери:
ресторанско јадење

ресторација повеќе

Види и: ресторан (м.)
мн. ресторации
Вид збор: Именка, женски род
ресторан
Англиски: restaurant Албански: restoran

рецепција повеќе

мн. рецепции
Вид збор: Именка, женски род
Посебен простор во кој се врши пријавување и одјавување гости.
Англиски: reception Албански: recepcion
Примери:
Јавете се веднаш во рецепцијата.

рецепционер повеќе

мн. рецепционери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи на рецепција, пречекува, прима и испраќа гости.
Англиски: receptionist
Примери:
Рецепционер во новиот хотел.

ривиера повеќе

ривиерата
Вид збор: Именка, женски род
приморје
Англиски: seaside Албански: rivierë
морска бања
Англиски: seaside resort Албански: banjë deti
Примери:
На француската ривиера.
а - б - в - г - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - ш