Физика - категорија

радијација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лачење електромагнетна енергија од некое тело и самата енергија, енергија што материјалните честички или електромагнетни бранови насочено ја пренесуваат низ просторот; зрачи, зрачење.
Англиски: radiation Албански: rrezatim
Примери:
сончева радијација
Распростирање во вид на зраци на нешто од центарот кон окружноста.
Англиски: radiation Албански: rrezatim

радиоастрономија повеќе

(едн.) радиоастрономијата
Вид збор: Именка, женски род
Гранка од астрономијата којашто се занимава со изучување на радиобрановото зрачење на космичките тела и со одразувањето на радиобрановите од предметите во меѓупланетарниот простор и во високата атмосфера.
Англиски: radio astronomy Албански: radioastronomi

радиобран повеќе

мн. радиобранови
Вид збор: Именка, машки род
Електромангнетни бранови со определена должина коишто служат за безжично пренесување на сигнали.
Англиски: radio wave Албански: radiovalë

радиометар повеќе

мн. радиометри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на механичкото дејство на топлината на светлосните зраци.
Англиски: radiometer

радиометеорологија повеќе

(едн.) радиометеорологијата
Вид збор: Именка, женски род
Гранка од метеорологијата којашто ги испитува својствата на атмосферата со помош на радиобранови.
Англиски: radio meteorology

радионуклид повеќе

мн. радионуклиди
Вид збор: Именка, машки род
(обично во множина) Атом со нестабилно јадро.
Англиски: radionuclide
Примери:
Бројот на радионуклидите е неизвесен.

радиосонда повеќе

мн. радиосонди
Вид збор: Именка, женски род
Прецизен метеоролошки инструмент за испитување на повисоките слоеви на атмосферата.
Англиски: radiosonde Албански: radiosondë

радиотелеграфија повеќе

(едн.) радиотелеграфијата
Вид збор: Именка, женски род
Предавање и примање сигнали по радиотелеграф.
Англиски: radio telegraphy

радиофонија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Област од радиотехниката што се занимава со прашањата на музикалните својства на пренесувањето гласови.
Англиски: radiophony Албански: radiofoni

радиофреквенција повеќе

мн. радиофреквенции
Вид збор: Именка, женски род
Број на треперења во секунда на радиобранови.
Англиски: radio frequency
Примери:
Третман за убавина со радиофреквенција.

радиус-вектор повеќе

мн. радиус-вектори
Вид збор: Именка, машки род
Вектор што покажува од една почетна точка кон одредена точка.
Англиски: radius vector

размагнетизира повеќе

размагнетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Престане, престанува да има моќ на магнет, престане, престанува да привлекува, спротивно од магнетизира.
Англиски: demagnetize
Примери:
Како да го размагнетизирам кучево, постојано оди по мене.

реакција повеќе

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Дејство што се јавува како одговор на некакво воздејство, одглас, противдејство.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Примери:
Очекуваше да види каква реакција ќе предизвика неговото идење.

резонантен повеќе

резонантни
Вид збор: Придавка
Што има длабок, јасен звук и одекнува; што има добра резонанција.
Англиски: resonant Албански: rezonant
Примери:
Резонантно тело.

резонанција повеќе

мн. резонанции
Вид збор: Именка, женски род
Својство на телата да затреперат или да го зголемат треперењето во непосредна близина на друго тело што трепери.
Англиски: resonance Албански: rezonancë
Примери:
Механичката резонанција кај нишалото.

резонатор повеќе

мн. резонатори
Вид збор: Именка, машки род
Во физиката и техниката направа што произведува звуци со определена височина и ги засилува.
Англиски: resonator Албански: rezonator

резонира повеќе

резонираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трепери, одекнува на иста фреквенција.
Англиски: resonate

релативитет повеќе

релативитетот
Вид збор: Именка, машки род
Физичка теорија основана од Алберт Ајнштајн во почетокот на дваесеттиот век.
Англиски: relativity Албански: relativitet
Примери:
Теорија на релативитетот од Ајнштајн.

рефлексија повеќе

мн. рефлексии
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Одбивање на светлина од рамна површина, одразување.
Англиски: reflexion Албански: reflektim, refleksion

рефлектор повеќе

мн. рефлектори
Вид збор: Именка, машки род
Одразувач на светлосните зраци, одбивач на светлината.
Англиски: reflector Албански: reflektor

рефракција повеќе

мн. рефракции
Вид збор: Именка, женски род
Промена на насоката на зрак светлина под определен агол кога накосо влегува од една средина во друга.
Англиски: refraction
Примери:
индекс на рефракција
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ