камила
мн. камили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6612
Пустинско животно, копитар со една или две грпки што служи за јавање и за пренос на товар.
Примери:
Низ пустината врвеше караван со камили.
Вид: животно (ср.)
Изрази
Едногрба камила - камила со една грпка.
Двогрба камила - камила со две грпки.
Едно мисли камилата, друго мисли камиларот - секој со својата мисла, секој со своите грижи.
Изведенки
1.
камилче ср.
мн. камилчиња
дем.
мн. камилчиња
дем.
2.
камилски прид.
камилска
Пример: камилско влакно
камилска
Пример: камилско влакно