мравјалник

мн. мравјалници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13315
1. Живеалиште, гнездо на мрави.
Англиски: formicary Албански: fole milingonash
Употреба: Зоологија
Примери:
Го набљудуваше мравјалникот во дворот.
2. Cите мрави што живеат во тоа живеалиште.
Англиски: ant colony Албански: koloni milingonash
Употреба: Зоологија
Примери:
Мравјалниците лазеа низ зелените стеблаци на житата.
3. Место преполно со луѓе.
Англиски: overcrowded place Албански: vendme grumbull njerëzish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Соборната црква беше мравјалник.
Корзото личеше на распретан мравјалник.
4. Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно меcто.
Англиски: crowd Албански: grumbull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекаше да стивне вревата на мравјалникот.
Се смеша и тој во мравјалникот.