бабун

мн. бабуни
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 33215
1. вид мајмун, павијан
Латински: Papio Англиски: baboon Албански: majmun
Употреба: Зоологија
2. Човек со збрчкано лице.
Англиски: baboon Албански: fytyrë majmuni
Употреба: Преносно значење
Примери:
Остарел, бабун се сторил.
3. Учесник во Богомилското движење.
Употреба: Историја , Религија
Примери:
Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето...