веројатно прил.
веројатност ж.

веројатно (прил.)

Веројатно ќе свратеше во затворот, ќе го посетеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно беше тргнат настрана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш му реков: „Е, во таков случај веројатно оној поставен со рубли генералски шинел ќе мораш ти да го носиш. Но без постава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој веројатно одредил несигурно да се чувствувам кога ќе се најдам пред типови кои се стекнале со умешноста на предвидувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно тоа не ќе биде поопасно отколку што е и изостанувањето на една вечер од Центарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно брат ми Коле го видел нашиот момок Васе како ми носи писмо од тебе, го зел да го прочита и му го дал на тато. Татко ми е многу, многу лут.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Всушност забележувам дека е наведнат над некој лист и веројатно пребира по текстот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно сакаше да му изгледам како смачкан домат помеѓу него и таванот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некои од другарите веројатно и денес помислуваат дека среќно сум се извлекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Убиецот веројатно би тврдел дека воопшто не бил на местото на злосторот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа често плетеше такви чорапи и, веројатно, ги даваше некому да ги продава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе поминат веројатно пет секунди пред стражарите да дотрчаат во ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мојот манук веројатно ќе шизне кога ќе слушне за преграткава, му реков на суртукот за кого бев помислила дека си ти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе им објасниме и веројатно нема да нѐ вратат назад и нема да ни речат како порано: „Вашата задача засега е во селото ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За ваквото гледање на двата случаи веројатно придонесуваше и чудната композиција на возот што татнеше низ мојата глава, а во таа композиција вагонот што го претставуваше случајот на Загорка Пеперутката го гледав сместен до оној во кој се наоѓаше исчезнувањето на братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно во исто време тагуваа уште многу семејства во градот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Татко ми беше повоздржан во искажувањето на болката, веројатно поради нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе