квантитативен прид.

квантитативен (прид.)

Природата беше механички збир или на квалитативни или на квантитативни ствари.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Кои се ограничувањата на ХТЛМ? За сега сѐ уште универзален компјутерски јазик користен на Интернет, HTLM и браузерите што го интерпретираат создаваат квантитативна структура на размена која го режира текстуалниот или говорен тек и го регулира неговото ширење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За кибернетското владеење со сексуалноста природната анатомија и физиологија стануваат само полигон на технолошкото манипулирање, а со тоа стануваат покорни на интересите на самото полово уживање: на интензификацијата на половата наслада, преместување на нејзините граници како во квантитативен така и во временски опсег во досега сѐ уште незамисливи пространства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)