радување (ср.)
Добрината ѝ беше песна и тие две особини беа смирување, галење, олеснување и радување за сите кои ја слушаа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Затоа човекот и во работата бара и си создава другари, и во радоста му се потребни другари, зашто заедничкото радување е она вистинското радување.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А мојот татко, кога бил дете, немал можност за такво радување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во такви часови, додека лазарски се исправувале со нејасни радувања, очите им се изострувале како и што им доликува на умните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)