хармоничен (прид.)
Светот со своите разнишани политички и етички вредности веќе не е хармоничен космос.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тука владее позитивна и хармонична атмосфера; како сите да се надувани.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Нивните предци развиле самосвојни култури, колоритни јазици, хармонични погледи за односите помеѓу човекот и човекот и човекот и природата чии остатоци се жива критика на тенденциите за одвојување, анализа, само-центричност инхерентна на западната мисла”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Патуваат всушност женските јагули, по долгиот мирен и хармоничен осумгодишен престој во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Хјустон е град на нафта. Бушотините и луѓето живеат заедно, во целосна слога и хармоничен соживот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сатори во хармоничната комуникација човек- компјутер, како резултат на бескрајните регресии во мета- нивоата на авторефлексии, е награда за совршената концептуализација и реализација на идеите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Такви двајца, во секој случај, би можеле да бидат прилично хармонична двојка...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од времето на италијанската окупација покрај широкиот булевар останаа и зградите на неколкуте министерства во центарот на градот кои се одликуваат со нивниот хармоничен изглед и барокни фасади.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неговиот ситен, хармоничен ракопис, беше кристализирано времето на неговиот живот, во кој пријателствата имаа посебно место.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Каков хармоничен пат, каква чудесна негација на границите со новите граници, што ги воспоставуваше човекот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со полифонто тоскиско и лабриско трогласно и четиригласно пеење, во своите длабоки размисли, ја поврзуваше и троверната хармонична судбина на својот народ (како православни, католици и муслимани).
„Граница“
од Луан Старова
Проучувајќи го хармоничниот пат на јагулите, кој беше постар и од постоењето на човекот, Татко се соочуваше со вистината за неговиот отклон од правиот пат во природата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ѓоко и Лиле се среќни сопружници. Живеат во хармоничен брак дваесет и кусур години.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)