прилега несв.

прилега (несв.)

А сѐ е ко за него, си мислам, нему сѐ ќе му чини, сѐ ќе му прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сака да живее како што му прилега.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ѝ напомнав каде се наоѓаме и дека на ова место не прилега да се изведуваат егзибиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ми прилегаше на сфинга во патувањето на албанскиот дел на балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не си султанов везир или нешто друго што му прилега да се перчи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прилегаше на огромно градилиште и движењето по него не беше многу пријатно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа беа широки бечви и минтан направени од најубава чоја, а на дедо кој беше висок преставителен човек навистина убаво му прилегаа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не прилега вие да се дружите со секого и насекаде, зашто вие не сте како обичните созданија и безразложна твар.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Прилегаше на пенушка од некое исечено дрво, а на сите страни му се простираа пипалки како корења.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Јас, па војвода! - се противстави дедо Димо. - Со таа ми ти брада, со тие ми ти мустаќи и со тој твој планински стаж, друго име не ти прилега.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, тоа не ќе биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сум влегла среде раскош што не ми прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му прилегаше осаменоста по која сите го препознаваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие ми прилегаат на дервишите кои ги гледав како дете од отворениот прозорец на една визба во Скопје во првите години по војната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Куќите беа наредени на стрмната падина од ридот и прилегаа на голем осветлен излог.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Прилегаме на една голема човечка рана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе