Ѓурѓовден м.

Ѓурѓовден (м.)

Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа веќе правеше распределба на нејзината волна, која требаше на Ѓурѓовден да се настрижи од пет шест стотини глави овци и нарочно ќе ја посети Доста, да може да разбере колку ќе треба да задржи од волната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не, ова не е некое пусто место (во нас пустините се дамнешни болести) Под јазикот на змиите расте коприва а ветерот е питом како ѓурѓовденско јагне.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А пред Божик прасето не се рани, ами сака ошче од Гурѓевден, та за Божиќ да направи месо. И јас така.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По Ѓурѓовден, ајле по сведенот беше, ја копам градината, а на децата им викам да ги собираат камчињата, тревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од Ѓурѓовден до Водици се капев в река.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И во пеењето – спомен, ја има Фанка која бери грозје лисичина и падарчето кое ја фати, а не сака бакшиш пендолира, туку сака, леле, црни очи... и калеш Донка и Калината руса коса како тељови за тамбура и лулашката на Ѓурѓовден и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Мојот бакшиш од Ѓурѓовден на Ѓурѓовден - ми го пропушта Кадрија спремниот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По Ѓурговден иде бачило, света Никола летни кога се креваат овците в планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излезе Мефаил ефенди уште пред Ѓурѓовден со својот гаваз — суваријата Рифата и со недели заседна по мариовските села да врши работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојде и Ѓурѓовден: се исфли цутот, се заврзува...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сетете се, околу Ѓурѓовден по гробиштата селски лазат змии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден, не гледаше да извади некој грош, оти требаше, ете, и да „везе“, и да „плете" и да „ткае".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)