Библија ж.

Библија (ж.)

Ние сме народ чија адреса е запишана во Библијата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Баш така Библијата како со балсам ги слади неутешените гради ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ни покажуваа подотворени примероци од Библијата и од Куранот со врежани страници, колку во него да се постави револвер, со прејасна алузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Докторе, доаѓаат ли уште во болницата долгобради набожни калуѓерки со библија в раце и гонореа под мантија?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Долго се мачев да одгатнам зошто и како се случуваше тоа секогаш кога ќе ја земев в раце древната Библија од долапот кај иконите - Библијата сама да се отвори на истата страница на која и претходно се отвораше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој негов збор траеше долго и мачно излегуваше од него - Како да ја напушта библијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Токму затоа се осеќам компетентен да говорам за алкохолот како суштинска и историско цивилизациска придобивка која се спомиња и у библијата (Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања ап. Павле) како напивка која живот значи .
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојот дух се побуни немирен, какви неверници, јас Библија читам, зло не мислам за правда глава давам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така кажува библијата, куранот и сите други религиски книги кои се од несатанистичка природа, живеам во третиот свет, поредок на хаосот. Време на немири.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А потоа следеа безброј прашања: крадам ли зелени сливи, пијам ли мастило, ја читам ли Библијата, фаќам ли ракови?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И ветар што излегува како од библијата расфрла псалми наспроти ѕвездите меѓу кои сега шета детето Некогаш безгрижно што си лежеше покрај стожерот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имав еден број анотации. Последното што сум го напишала на листот во машината беше еден испис од Библијата: „Кажи ми ти, кого го сака душата моја!“
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе