Босна (име.)
Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Едно Босанче така ни се откина од рацете и трча право кон бугарските окопи. Трча и паѓа. Не го крепат добро нозете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Србија се замеша во Македонија откако изгуби надеж да си ја присоедини Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Овде би требало да се истакне дека војната во Босна предизвика нови крвави ликвидации на козите. Но, сепак, има и преживеани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Србите не се интернационалисти, а сите буквално, без разлика дали е некој од Србија, Босна, Херцеговина или Црна Гора, сите се националисти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Она што се случува во Босна е непосредна последица на распадот на авторитетот на државата или нејзино подредување во однос на натпреварот меѓу етничките заедници - она што во Босна недостасува е единствена државна власт издигната над етничките судири.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Него го најми везировиот хазнадар и го испрати, со двајца луѓе, во Босна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Можеби во Босна ќе треба да се предупредува човекот на секој чекор, во секоја мисла и во секое, и највозвишено, чествување да се варди од омраза, вродена несвесна, ендемична омраза.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На одреден начин, „Босна” е едноставно метафора за Европа во целина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
До крајот на првата 1/4 на XIX столетие се ослободија од Турците сите балкански земји, освен Бугарија, Тракија, Македонија, Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
118. Се разбира оти од тоа друштво не излезе ништо, зашто Србите не им веруваа на Македонците и фатија да праќаат во него „Старосрбијанци”, Црногорци, Босанци, Херцеговци и др.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Босанката Анѓа, која во Париз дошла од Белград, каде што работела кај една учителка како домашна помошничка и таму се омажила, дошла овде пред шест години со своето осумгодишно дете, со надеж дека ќе си создаде подобар живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Макс Левенфелд, по потекло Евреин од Босна, го напушти вилаетот, на писателот и свој, заради омраза, не из'ртена во него туку околу него нашинска омраза, взаемна во допирот и во животот на нашите луѓе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)