Босфор име.

Босфор (име.)

Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А видов со свои очи, на лице место - иконописите се темни таму кајшто денот е светол и долг таму кајшто изгревот е ран и болскотен токму како оној над Босфор!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Никогаш и никаде не сум видел попитома риба отколку овде на Босфор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во градот на Босфор не се пие многу алкохол. Затоа пивниците се вистинска реткост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Та кога слеговме со татко ми од Карабуниште до Солун, сѐ по патот и стадата на Куцовласите, со ниет да спечалиме нешто по светот, место да се качиме за Босфор или како што се викаа Дарданели, ние сме се качиле за Гибралтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ВО ИСТАНБУЛ има многу знаменитости и интересности, па во градот на Босфор, времето лета и денот минува за миг; чиниш штотуку се разденило, а веќе гледаш дека се палат неонските светла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога замина Татко од Цариград, по свршувањето на студиите, и неочекувано за сите во поширокото и во потесното семејство, се врати во гратчето крај Езерото, никогаш повеќе не се врати во метрополата крај Босфор на својата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште во младоста, кога го доживуваше падот на Отоманската Империја, крај Босфор, размислуваше за можната сталинистичка иднина на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дагларбеј, со уште двајца свои пријатели и една дама, поетесата Дрита Караинџик, ми приреди голема вечера долу на Босфорот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука се наоѓа итинерерот на татковиот егзил. Тука се и дилемите на таткото, како централен лик на сагата: дали да го продолжи патот на семејството, и да се вкорени конечно на бреговите на Босфор, или да се врати на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога се наоѓа веќе во Истанбул првата желба е да го видиш Босфор, зашто од овој природен канал патуваш кон приодите на Црно Море и веќе ја гледаш и Азија и можеш, доколку ти се укажува можност, да стапиш еден чекор на нејзиното тло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога му се видоа малку овие вооружени сили во Европа, Хилми побара зголемување и од преку Босфорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поетот Матеја Матевски во занес ја црта мапата со улицата на својот прв детски плач во Истанбул и со повлекувањето на секоја нова линија сал туку се допрашува: само во песните ли бива на Босфорот да е подножјето ем на Бистра Планина, ем на Андите?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие кафеани се сместени по стрмните калдрмисани сокаци кои се спуштаат од Истиклал кон Босфор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)