Брисел име.

Брисел (име.)

Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Светската Изложба во Брисел е полна со контрасти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ВО БРИСЕЛ не се чувствува некоја особена живост поради Светската изложба, барем така овде велат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна за да им зададе „конечен удар“ на загрижените есперантисти, тој ќе ја напише книгата Есеј за природните и вештачките јазици (објавена во 1903 г. во Брисел).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаменитостите на милионскиот Брисел, кој е расположен на огромна површина, можат бргу да се разгледаат иако за нив треба да се оддели помалку време отколку за Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси нема место кое не е поврзано со пат а сите тие се сливаат во главната магистрала која води или за Брисел или за Лиеж.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Фаик Коница придонесе со своето дело, особено со своето француско-албанско списание „Албанија”, издавано во тек на десет години во Брисел и во Лондон, по долготрајното отоманско време во Албанија да надвладее влијанието на европската култура и цивилизација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Штом ќе се напушти бучавиот милионски Брисел, се протега идеално рамна автострада, како засечена лента во огромните простори на Фландрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Следејќи го својот маж на повеќе дипломатски мисии, таа по неколку години живее во Копенхаген и Токио, сѐ до преселувањето во Брисел 1936 година, кога нејзиниот маж е наименуван за амбасадор во Белгија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Брисел, јуни 1958 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брисел, јуни 1958 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брисел, јули 1958 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Аргентински писател роден во Брисел, Белгија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)