Османлија (м.)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Којзнае како и зошто но во борбите против Османлиите и тетин ти се нашол помеѓу српските војски.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постојат релативно малку сведоштва за подемот и падот на Османлиите, посебно на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Османлиите ја освоија Европа со лалето преку Холандија уште во XVI век!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По извршениот општ напад на востаничката територија, Османлиите успеале одново да го вратат градот Негуш.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во 1684 Австрија, Полска и Венецијанската Република ја формирале Светата Лига која ја продолжила борбата против Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По наговор на Кантакузин Османлиите се истовариле на Балканот и кај Стефанија поразиле еден одред на српската коњаница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Познато ми е дека Османлиите го презеле искуството на Римјаните во составувањето на своите јаничарски елити, но зар тие остануваат на нивното искуство?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првите записи за баклавата кај Османлиите се сретнуваат на почетоците на царството, уште во 1473 година, во времето на освојувачот султанот Мехмет II.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Новите освојувачи на Балканот, Османлиите ќе го наложат новото тројство: шеќер- ориз- путер, од кои првиот и последниот елемент влегуваат во составот на баклавата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Стигнале и Османлиите. Се утврдиле во нашиов град, тука да векуваат, а продолжиле кон Европа, ги запреле пред вратите на Виена.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Постои на Балканот и една голема култура, една друга култура на луѓе кои успешно црпеле од западноевропската култура исто колку и од исламската култура, пренесена од Османлиите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Безуспешно војувал против Босна поради Хум, против Унгарците кои навлегле во Србија и против Османлиите како сојузници на Византија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Негушкото востание и покрај неуспехот, претставува прв масовен обид за ослободување од Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Османлиите заминаа, муфте системот си остана на Балканот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Скопје бил заземен во 1392; Бугарија во 1393; Во 1396 , по смртта на крал Марко и Константин Драгаш (1395), кои биле османлиски вазали, нивната територија била освоена од Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Занаетите продолжиле и по многу години откако Османлиите го напуштиле Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)