Палестина име.

Палестина (име.)

Тешко можеше да се дојде до историски компромис меѓу Израелците и Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците останаа речиси без половина од територијата која ја населувале со векови, биле протерани од нивните земји и од нивните куќи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но јас не сум историчарот во стихови на Палестина! Ниту сакам да бидам симбол. Не сакам да го носам тоа бреме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа просто се гадеше од самото име Македонија исто како Евреин шо се гади од Палестинец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Палестинците пак ќе се најдат во стариот порочен круг на неизвесноста на мирот и војната, на нов крстопат на блискоисточниот лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тајните израелски служби се информирани за неговото присуство во Палестина. Му подготвуваат заседа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше жестока борба во која Арафат го беше вложил својот живот, но и животите на илјадници Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше во својата тврдина од бетон опкружен на стотина метри од израелските блиндирани коли кои го следеа секое движење на претседателот на заробената држава Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некои велат дека вие пеејќи за вашата Мајка, пеете за Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ќе го објави крајот на повелбата на ПЛО која ја одречуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXII И во односот кон Палестина и Палестинците, од страна на претставниците на високото југословенско колегијално раководство, се чувствуваше отсуството на некогашна Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Жолтите одрази на сончевите зраци од последното лисје пред да падне на земјата ги придружуваат тажните Палестинци кон својот Јасер Арафат, човекот веќе претворен во симбол, одземен од животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја следев кривата на неговото владеење, која требаше да заврши во слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците се „незгода” за Блискиот исток, а тие најголема важност му даваат на територијалното прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во една пригода, верувајќи во својот предлог Арафат ќе истакне дека во рамките на движењето Фатах, Палестинците и еврејските сафарди, кои го сочинуваат мнозинството во Израел, и имаат многу заеднички обележја и би можеле среќно да живеат ослободени од ционизмот и арапскиот национализам Арафат набргу официјално ќе го напушти својот сон за создавање на една обединета и демократска држава, кога на 15 ноември 1988-та, во срцето на Њујорк, на Ист Ривер, пред двесте дипломати и други поканети ќе го заврши својот говор со зборовите, со стиховите на поетот Махмуд Дарвиш: Ви носам маслиново гранче и пушка на борец за слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со тивок, пријателски глас, пригушен од невидливите солзи ми рече: - Оваа кутија е изработена од палестинските мајки со симболот на нашата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не заборавајте, Палестинците се чувствителен народ, но верни на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе