Тетово (име.)
Од Битола нѐ испратија во Гостивар и во Тетово, да ги очистиме балистите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие може и би се согласиле да е тетовскиот говор многу близок со бугарскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние имавме хор и најмногу го подготвувавме во Тетово.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се прашува: ќе дозволи ли и може ли да дозволи Србија во тетовскиот говор да се развиваат наместо македонските и српските-бугарски особини, а заедно со јазикот да се развиваат во Тетовско наместо македонски и српски-бугарските интереси?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мене на почеток, ме пратија на служба во Тетово.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога ќе се погледнев во огледало, не можев да се препознаам, бев облечена во тетовска облека, образите ми ги нацрвија небаре тетовски јаболка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Доживувањата на тетовскиот плоштад на гласно изговорените стихови на Рационовата „Балада за непознатиот’, говорењето тажно, тревожно и потресно на еден од моите постари соученици, тоа доживување ме исполнува и следи до денес.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еден баталјон отиде во Тетово, а ние останавме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа беше при крајот на 1944 година. Тргнавме од Кичево за Тетово и таму ја пречекавме Новата година.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па, од сопствено искуство, ако љубовта ви се разводнила, побарај на Бит Пазар нова земјена тава за добар, густ, скопски, а плати го како тетовски и – чекај.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веќе во текот на денот пристигнуваа новинари и фоторепортери од целиот Балкан: од Солун, Белград, Скопје, Тетово, Софија, но имаше и од Истанбул.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Средбата со мртвиот Рацин, кога пролетта на 1945 -та неговите другари и соборци го носеа од Бистра и Лопушник, од Кичево, од Гоствар, од Тетово и Скопје во неговиот роден град и во неговиот вечен дом на Велешкиот рид.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Овие успеси ги принудија Германците да соберат нови сили, особено балистички од Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, па дури и од Косово, и на 8 мај да преземат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траеле сѐ до 15 јуни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И кога во еден миг на длабока возбуда на стариот Рацинов дом, по десетина години, се зададоа и ме обзедоа од длабините на моето битие, сеќавањето на тетовската разделба со Рацина и доживувањето на неговата смрт, ги напишав во еден здив, во треската на збиднувањето, стиховите што останаа меѓу моите ракописи половина столетие, до денес.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
На таа средба во Тетово, како ученик на одново отворената гимназија, по прекинатата настава во текот на војната и окупацијата, со дотогаш скромен, скуден, школски допир со поезијата, без познавање нејзино, јас се присеќавав подоцна во мојата прва беседа прочитана на раните Рацинови средби, како нивни соосновач со Александар Спасов, Димитар Солев, Благоја Иванов..., со нашите велешки врсници и колеги Славчо Николов, Ангел Димов, Тихо Најдовски и со сесрдната грижа на Рациновото семејство и на неговите сограѓани.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)